Кликнете врз насловот за да го видите одговорот.
Од какви материјали се изработени овие завеси?
Нашите производи се изработени од алиминум, пластични елементи и разни видови текстилни импрегнирани платна, сите со различен процент на полиестер.
Како се одржуваат?
Сите типови на Роло завеси се антистатични, анти бактериски и непривлекуваат прашина. Многу лесно се одржуваат т.е. комплетно собрана завеса, заедно со корнизата се става во млака вода со разреден детергент – се користи исклучиво прашок за перење, никако несмее да се употребува омекнувач.
Од каде потекнуваат тeкстилните материјали?
Материјалите што се користат за изработка се од турско и италијанско потекло од светски познати производители во областа на текстилната индустрија.
Како се монтираат?
Брза и едноставна монтажа. Може да се монтираат на таван или на ѕид.
Дали производите имаат гаранција и колку?
Да, секако. На механизмите има 3 години гаранција, а на само платно даваме 1 година гаранција.
Дали материјалите избледнуваат на сонце?
Секако, не. Сите материјали што се користат за изработка на нашите производи поседуваат УВ заштита.
Дали вашата компанија врши презентација и монтажа на завесите?
Да, нашиот стручен тим доаѓа на лице место, прави презентација на производите, ги зема точните мерки и потоа врши монтажа.
Дали панелните завеси може да се користат како преграден ѕид?
Целта на панелните завеси е одделување на две проистории, т.е. улога на преграден ѕид. Но, во поново време наоѓаат примена и како декоративни завеси.
Како се одржува дрвениот венецијанер, дали треба да се лакира?
Дрвениот венецијанер се брши со влажна памучна ткаенина или со антистатска (магична) крпа. Не смее да се пере во вода. Не е потребно лакирање на лентите дури и по долгогодишно користење.
Дали димензиите се стандардни?
Не, Роло Дизајн ги произведува според индивидуалните потреби и мерки.
Доколку имаме инсталирано од вашите завеси, дали може да се промени само платното?
Да, секако, механизмот останува се менува само платното.
Дали по изминатиот гарантен рок вршите сервисирање?
Да, Роло Дизајн ги сервисира своите производи во било кое време.
Каде треба да има поставено електрична инсталација за да се постават завеси со мотор? Дали вие ја поставувате електричната инсталација?
Електричната инсталација т.е. жиците треба да се во близина на прозорот т.е. местото каде што ќе се монтираат завесите. Роло Дизајн не врши поставување на електрична инсталација. За работа на моторот потребна е струја од 220 V.
Дали сите ваши производи може да фунционираат со мотор?
Да, сите производи од Роло Дизајн имаат можност да функционираат со далечински управувач т.е. со мотор.